Новиот Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe дебитира со 603КС!

Новата coupe верзија доаѓа со помазна форма наспроти коцкестиот изглед на Mercedes-AMG GLE 63 S, но и со огромна моќност. Опремен со веќе стандардниот 4.0 литарски twin-turbo V8 мотор, со моќност од 603кс и 850 њутн-метри вртежен момент, новиот модел добива засилување од 21кс и 250њм преку EQ Boost системот. Ако се прашувате која е разликата – 100км/ч за само 3.6 секунди и (електронски) лимит на забрзување до 280км/ч. Да ве потсетиме дека зборуваме за огромен SUV а не super-car.

Coupe-то ја користи истата механика со SUV-то, што значи дека доаѓа со 9 брзински автоматски менувач, стандардното возење на сите тркала и огромните кочници. Возењето на патиштата треба да е удобно благодарејќи на воздушната суспензија со адаптивно амортизирање и активна стабилизација. Во зависност од модалитетот во кој што возите, висината на овој перформанс кросовер автоматски се зголемува или намалува.

Во ентериерот ги имаме кожните седишта – од Nappa кожа, како и ленти од карбонски влакна кои даваат спортски изглед. Најновата верзија на MBUX infotainment системот ни дава опција за контрола со глас или гестикулации. Како варијанта на AMG, Coupe-то добива неколку страници специфични за перформансите во UI, вклучувајќи G-метар, тајмер за кругови и монитор за статусот на моторот и менувачот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *