Porsche 911 Targa – Бескомпромисен компромис

Porsche одамна се познати по тоа дека во нивната гама на спортски автомобили се наоѓа по нешто за секоја потреба (или желба). Од удобноста на основната 911 Carrera до манијакалните тркачки способности на GT2 RS и се помеѓу нив.

Со најновиот член на семејството, Porsche им го дава одговорот и на тие што сакаат и купе и кабриолет, но не можат да се одлучат помеѓу нив, а буџетот (или слободниот простор во гаражата) не им ги дозволвува двете. Targa, со својот делумно подвижен метален кров, ја нуди звучната и томплинска изолација на цврст покрив, но по желба и излжоженоста на сонцето и ветерот.

Оваа изведба е препознатлива по цврстиот свод зад предните седишта и едноделното задно стакло зад него, кои значително го менуваат изгледот на возилото. Дали ова го прави моделот повеќе или помалку привлечен зависи од личниот вкус на купувачите.

Тоа што може објективно да се измери се перформансите. Targa е достапна во две верзии на трилитарскиот шестчилиндричен боксер мотор, 4 и 4Ѕ со 385, односно 450 коњски сили кои преку осумстепен PDK пренос ги придвижуваат сите четири тркала. Поради зголемената тежина која ја носи зацврстувањето на конструкцијата и механизмот за покривот забрзувањето до 100 km/h за 4,4, односно 3,8 секунди, и максималната брзина од 289, односно 304 km/h се еднакви со цифрите за целосно товорената кабриолет изведба, но се за 0,2 секунди и 2 km/h поспори од верзијата со цврст покрив. Во реални услови овие разлики се речиси неприметни и на купувачите на Targa ке им дозволат да уживаат во карактеристичното искуство на возење на 911 во сите можени временски услови.

За најетузијастичните возачи во иднина се очекува и седумстепен мануелен менувач во Targa 4S, кој за малото намалување во перформансите ќе ги награди со уште повеќе инволвираност во возењето. Се останато останува карактерситично за Porsche 911… пример за класата и пошироко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *