Lamborghini Huracán RWD ќе ве паркира на Аеродром Болоња?
Доколку слетате на аеродромот во Болоња – „Гијлермо Маркони“ може да ве зачуди една глетка – Lamborghini Huracán RWD. Automobili Lamborghini ја продолжуваат соработката со аеродромот и по шести пат донираа автомобил, кој најверојатно Аеродром Болоња не го ни сакале, чија цел ќе биде да им го покаже патот до паркинг местото на пилотите.
Овој Huracán е стар модел на заден погон, наместо новиот Huracán Evo, но тоа е многу повеќе од доволно ако не прашате нас. Опремен со 5.2 литарски V10 мотор, има доста спрецифичен дизајн – портокалова боја на која се додадени типичните графики за возила – патокази на авионите, но со италијанското знаме на вратите, кровот, предницата и задницата.
Донираниот Lamborghini Huracán RWD е опремен и со портокалови светла на кровот, радио, кое е секогаш поврзано со аеродромот, и посебен стикер на кој пишува „Follow me“.