Ford го враќа Bronco: Запознајте ги новите авантуристи!

Bronco се враќа! Ford воведува целосно нов бренд со името извлечено од 60тите – Bronco, бренд кој ќе биде составен од робустни SUV возила за вистинските ентузијасти.

Целокупниот бренд Bronco вклучува Bronco со две врати, прв модел на Bronco со четири врати и целосно нов, сиров, мал теренец, Bronco Sport. Со оваа понуда, Bronco е единствениот бренд кој на пазарот ќе нуди само возила со погон на сите тркала.

Ford ќе ги претстави пред светот 3-те нови модели од новата фамилија на спортско корисни возила на 13 јули.

Секој модел на Bronco е дизајниран да испорачува возбудливи и сигурни теренски искуства кои се градат врз оригиналната ДНК на Bronco, кои го влечат своето наследство од 1966 година, со генијални нови технологии кои ќе ги задоволат сите ентузијасти за авантурите во дивината.

„Bronco создаде забавен и разновиден теренец во 1966 година, со што стана првото спортско корисно возило за оние кои сакаа да живеат, работат и да возат на дивиот терен“, рече Џим Фарли, главен оперативен директор на Ford. „Како и оригиналот, целото Bronco семејство е дизајнирано да ве однесе до епски места и преку најтешкиот терен“.

Роден од дивината

Новото позиционирање на брендот со т.н. мото „Built Wild“ на Bronco се олицетворува кај новите модели: Bronco со 2 врати, Bronco со 4 врати и Bronco Sport. Сите нови модели се очекува да бидат супериорни теренски возила, преку испорачување на трите принципи од програмата Built Wild:

  • Built Wild екстремна издржливост – тестовите за издржливост на Bronco гарантираат перформанси кои ги докажуваат низ илјадници лабораториски тестови, надминувајќи екстремни предизвици на тешки тест патеки, како и во реалниот свет во најтешките и најострите клими.
  • Built Wild способност – Самодоверба да се надмине кој било вид на терен, обезбеден со стандарден 4х4 погон и ексклузивен систем за управување на терен, плус уникатни архитектури на Bronco со водечко ниво на способност и технологија за суспензија.
  • Built Wild иновативен дизајн – Bronco е иднината на возењето во природа и испорачува генијалност на теренот, нови дизајнерски иновации заедно со ДНК-инспирирана од минатото, плус нови нивоа на персонализација кои можат да ги вчудоневидат почетниците и да ги предизвикаат сите во потрага на авантура, според Ford.

Специјалистичката експертиза за SUV возила на Ford датира од времето на Втората светска војна, кога производителот на автомобили беше дел од владиниот тендер за изградба на SUV возила наменети за бојното поле. Ford го создаде моделот GP, за општа намена (General Purpose). За повеќе сојузнички сили биле изградени повеќе од 270.000 GP возла на Ford, кои по крајот на војната им биле понудени на војниците да ги задржат за себе, но тие биле премногу мали и непријатни за цивилниот живот, според истражувањето на Ford од раните 1960-ти, па Ford започна да развива порафинирано, поудобно, но сепак робустно спортско корисно возило под името – Bronco.

Оригиналниот Bronco го добил прекарот G.O.A.T. (Go anywhere roadability) од Доналд Фреј, менаџер на производи на Ford, кој ги создаде имињата Mustang и Bronco, со што светската препознатливост јасно е постигната. Како агилен, спортски ориентиран SUV со погон на сите тркала, Ford го откри првичниот Bronco во 1966 година како комплетно нова линија на спортско корисни возила.

Bronco има посебно место во популарната култура и се претстави во повеќе од 1.200 филмови и 200 песни. Откако Ford го заврши производството во 1996 година, SUV моделите со името Bronco продолжија да растат во популарност кај колекционерите и ентузијастите. Со најавата во јануари 2017 година за враќање на Ford Bronco, интересот и возбудата кај љубителите веднаш се појави.

Повеќе информации за новите Ford Bronco ќе имаме по светската премиера на 13-ти јули.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *