BMW го претставија целосно електричниот Concept i4!
BMW официјално започнува ново поглавије во својата историја со претставувањето на комплетно електричниот i4. Ова е првото целосно електрично возило на BMW, кое сега е само концепт, но ќе се најде во салоните во својата крајна форма во 2021 година.
Concept i4 е големо купе со 4 врати, има досег од 600 км со едно полнење, достигнува брзина од 0 до 100 км/ч за 4 секунди и максимална брзина од 200км/ч со моќност од 530 коњски сили. Овој електричен првенец на BMW ја постигнува целта од 0 емисии на штетни гасови во одличен, футуристички дизајн, без притоа да ја компромитира душата на BMW, што претставува максимално возачко задоволство.
Дизајнот има одлични пропорции и неверојатни детали, кои во исто време успеваат да пренесат спортски изглед во елегантна форма. Од BMW пренесуваат дека сите дизајнерски елементи на Concept i4 ќе го пронајдат своето место во финалната, производна линија.
Со официјалното претставување на овој концепт, BMW во исто време го претставија и новото лого инспирирано од нивната електрична визија за иднината. Оваа промена во препознатливиот дизајн на BMW доаѓа по повеќе од 20 години од последната бренд ревизија. „Новиот дизајн претставува отвореност, чистина и рефлексија на транзицијата кон целосна дигитализација.“ – изјави Јенс Тимер, потпретседател на BMW.