Audi RS e-tron GT пристигнува! Дали ова значи и R8 e-tron?

Audi Sport дивизијата на производителот од Инголштад, изминатата година претстави неколку модели со S и RS значката, но почетокот на новата деценија најавува многу интересни работи кои допрва ќе ги видиме од нив. Наредната генерација на Audi RS4 Avant веќе е најавена, и ќе доаѓа со plug-in хибриден погон, додека шпекулации од Autocar најавуваат и чисто електрично возило во периодот што доаѓа.

Веќе сме запознаени со Audi e-tron GT концептот кој ќе добие S и RS варијанти со многу заеднички технологии превземени од Porsche. Ова најавува голема електрификација на моделите на Audi. Имено, новите електрични спорски верзии на e-tron, се очекува да делат многу заеднички елементи со Taycan 4S, Turbo и Turbo S варијантите. Она што засега не е познато е моќноста што овие возила ќе ја испорачуваат, но бројките се очекува да бидат за нијанса помали од оние на Porsche Taycan.

Концептот e-tron GT беше претставен со два електични мотори, погон на сите тркала, 96 kWh батерија и 582 коњски сили доволни за 3,5 секунди до 100км/ч. Досегот изнесува 400 километри и максималната брзина е ограничена на 240км.

Според истиот извор, Audi планира да понуди S верзии уште од самото лансирање на e-tron GT, со тоа што понудата ќе ја заврши RS верзијата. Возилото подготвено за производство ќе биде претставено на саемот за автомобили во Лос Анџелес во ноември оваа година.

Audi Sport исто така работи на комплетно нова генерација на R8, овој пат со додавката e-tron, што значи електрификација на супер колата од Audi. Прозиводството се очекува да биде многу ограничено, што ја зголемува ексклузивноста на наследникот на миленикот кај автомобилските фанови опремен со V10 мотор.

Audi Sport нема да го изостави и SUV сегментот. Веќе е претставена спортската верзија на e-tron – Sportback, кој исто така ќе добие S и RS третман.

Audi ја заокружува електричната иднина со најава на неколку plug-in хибридни модели кои ќе ги видиме многу наскоро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *