Три карактери во три верзии – Volkswagen Golf GTI, GTD и GTE!
Само што ja добивме шансата да го видиме новиот Golf 8 во живо, Volkswagen не почасти со нови GTI, GTD и GTE верзии (кои ќе си почекаме да стигнат кај нас) на една недела од саемот за автомобили во Женева.
Три верзии на Golf, три различни карактери, три погонски системи во еден дизајн и една филозофија. На „само“ 44 години од првиот GTI, Volkswagen ги претстави варијантите на Golf 8 – GTI, GTD и GTE.
„The Daddy“ – Golf GTI
Во надворешниот изглед има клучни стилски промени кои се разликуваат од основната верзија. Над решетката за ладилникот вметната е стандардна светлечка лента, која има црвени акценти – специфични за GTI, преавејќи една долга лента на целата предница на Golf-от. Уникатни се и LED светлата на предниот браник, кој патем има олбик на пчелино саќе, давајќи доста агресивен и лут изглед на целата предница.
Добиваме повеќе промени и во ентериерот – целата центарална конзола е преработена, со нов селектор на менувачот за DSG и копче за вклучување на моторот кое трепка црвено пред да го запалите. Црвени елементи има и на седиштата, кои се „ишарани“ со карирана ткаенина. Редизајниран е и воланот – очекувано со две црвени ленти, давајќи на целокупното чувство на GTI.
Како и во претходните генерации, Golf 8 GTI го добиваме со 2 литарски турбо бензински мотор, со 245кс и 370nm. Достигнување на брзина од 100км/ч се очекува да биде околу 6 секунди, додека максималното забрзување сигурно ќе биде околу 250км/ч.
Diesel Power – Golf GTD
Опремен со добро познатиот 2.0, четири цилиндричен TDI мотор со моќ од 200кс, Golf GTD развива 400nm и ја доставува целосната моќност уште од ниските вртежни моменти. Како и кај тубо дизел моторите во обичниот Golf, кај GTD моторот е поврзан со 2 катализатори и двојно дозирање на AdBlue течноста за намалување на штетните емисии, кои се драстично пониски од неговиот претходник. Golf GTD стандардно ни доаѓа со 7 степен автоматски DSG менувач.
Еко Golf – Golf GTE
Plug-in хибридната верзија на овој еколошки спортски автомобил генерира моќност од 150 кс од четири цилиндричниот бензински мотор, и дополнителни 115 кс од електо моторот, што во комбинација со 6 степениот автоматски DSG менувач значи вкупна моќност од 180 kW или 245 коњски сили!
Во споредба со неговата претходна генерација, новиот GTE може да вози само на струја до 60км при максимална брзина од 130км/ч благодарение на новата технологија во батеријата, како и подобрената аеродинамика.