Пристигнува новиот Fiat 500 – Првиот чекор кон електрификација на Fiat.
Новата ера за Fiat пристигнува. Претставена е новата, комплетно електрична изведба на добро познатиот 500. Во неговата промоција, активно е вклучен и оскаровецот Leonardo DiCaprio, кој со голем интузиајзам застанува зад овој проект и активното ширење на идејата за електромобилноста.
На ексклузивен настан, поддржан од стејкхолдерите на Fiat – Giorgio Armani, Bvlgari и Kartell, компании кои заедно со Fiat претставија 3 уникатни верзии на Fiat 500 под нивен дизајн.
Новиот Fiat 500 има досег од 320 км благодарение на 42 kWh литиум-ионски батерии поставени компактно во неговото подвозје. Опимизација на електричниот процес на полнење се постигнува со 85 kW полначи кои за само 5 минути даваат доволно електрична енергија за поминување на 50 километри, додека полење до 80% се постигнува за 35 минути. Покрај достапноста на супер-полначи, новиот 500 може да се полни и на веќе добро распространетата мрежа на AC и DC полначи.
Моќноста на електричниот мотор изнесува 87 kW, доволно за максимална брзина од 150 км/ч и забрзување до 100 за 9 секунди.
Што е интересно покрај дизајнот? Ниво 2 на автономија. Fiat со новиот модел 500 го достигнува второто ниво на автономија на возење кое е идеално за градски услови. Со други зборови, на предниот дел е поставена камера која ги набљудува сите делови на автомобилот, латерално и лонгитудинално. Поставен е адаптивен темпомат кој реагира на околината и можните препреки како возила, велосипеди, пешаци, кучиња и тн. Нивото 2 на автономија се постигнува со овие два елементи заедно со системот за одржување и следење на коловозна лента.