Нов Lotus Evora GT410 – повеќе комфор со исти перформанси

Иако станува збор само за trim-level наместо комплетно нов модел на Evora, сепак добиваме автомобил приспособен за секојдневна употреба со доста поголем комфор.

Во стандардната верзија добиваме клима уред, Sparco спортски седишта, подобрени облоги на седиштата, задница со поголема стаклена површина и задна камера, сето тоа со иста килажа како Sport верзијата, а пониска во цена.

Додадени се и Michelin Pilot Sport 4S гуми, наменети за сите сезона, како и подобра изолација од другите модели.

Моторот на Evora GT410 ќе биде ист со оној на спортскиот модел, 3.5 литарски V6, па така и брзината ќе биде иста, со максимална брзина измерена на 305 км/ч, и забрзување 0-100 за 4 секунди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *