Новиот BMW M2 CS.

М одделот на BMW лансира ексклузивен и limited edition модел – со привлечен спортски изглед – во премиум компактната класа за прв пат. Новиот BMW M2 CS со високи перформанси се базира на постигнатиот успехот на BMW M3 CS и BMW M4 CS, кој е основан на BMW M2 CS Racing, новата влезна точка на BMW M Motorsport во аматерските трки.

Неверојатен дизајн со голема употреба на carbon fiber.

Низа дизајнерски елементи, направени од пластика засилена со јаглеродни влакна, го прави BMW M2 CS да има поостра фигура од BMW M2 Competition. Тие вклучуваат ново дизајнирана хауба, покрив изработен целосно од јаглеродни влакна, нов преден сплитер и заден дифузор комплетно од јаглеродни влакна. BMW M2 CS поставува нови стандарди во сегментот на забрзување, прецизност и агилност, и обезбедува нова, возбудлива влезна точка во опсегот на производи на BMW M. Покрај неговите перформанси на патеката, BMW M2 CS остава убедлив впечаток со својата неограничена секојдневна употребливост и металик бојата Misano Blue – резервирана исклучиво за овој модел.

Засилување на моќноста до 450 КС и Adaptive M суспензија.

Твин-турбо шест-цилиндричниот линиско поставен мотор кој развива моќност од 450 КС, до 40 КС повеќе од BMW M2 Competition. Моќноста на моторот се пренесува на патеката со помош на адаптивната М суспензијата, која му дозволува на возачот да ги смени поставките на суспензијата помеѓу Comfort, Sport и Sport + модулите. Додека Comfort ја оптимизира удобноста на возењетo при секојдневна употреба, Sport обезбедува особено динамично движење на регионални патишта, а Sport + го минимизира мешањето на софтверот во слободата на возењето.

М Sport сопирачки се директно превземени од мото спорт дивизијата.

Искуството на BMW M во тркачкиот свет е јасно рефлектирано во M Sport сопирачките, кои се вклучени во стандардната опрема. Тие вклучуваат поголеми дискови за сопирачките од оние на BMW M2 Competition (предна оска: 400 mm дијаметар, задна оска: 380 mm дијаметар) и поголеми калипери (предна оска: фиксни калипери со шест клипни, задна оска: фиксни калипери со четири клипови). Овој систем од обезбедува исклучителен перформанс на сопирање со одлична моќност на запирање во сите услови. Купувачите можат да одберат и BMW M карбон-керамички сопирачки со шест клипни на предниот и четири клипни на задниот дел. Овие се уште полесни и траат подолго при високи температури.

Заслугите за лесното ракување со автомобилот одат кај елементи како што е големата преграда за струење од јаглеродни влакна, која ја зголемува цврстината на предната структура и DSC контролниот систем. Овој систем нуди повеќе нивоа на тракција во влажни услови и кога лизгањето на тркалото станува фактор и спречува ненадеен прекин на тракција среде дрифтање. Тука е и Active M диференцијалот, електронски контролиран механизам за заклучување со повеќе плочи што реагира со исклучителна прецизност и брзина за оптимизирање на тракцијата и насочување стабилност.

19-инчни тркала со Cup гуми.

BMW M2 CS е опремен 19-инчни, сјајни, тркала, со црна или мат златна основа. Предните 9J x 19-инчни тркала тежат само 9 килограми, додека задните 10J x 19-инчни достигнуваат до 10 кг. Потковани со Michelin Pilot Sport Cup 2 гуми во 245/35 ZR 19 формат и направении специјално за M2 CS, предните тркала ги исполнуваат највисоките стандарди кога станува збор за странична контрола, стабилност на насока, чувство на управување и прецизност на управување, додека задните 265/35 ZR 19 гуми се оптимизирни за тракција, странична контрола и стабилност.

Импресивни бројки во перформансите

BMW M2 CS достигнува неколку импресивни перформанси. Кога е опремен со седумстепениот менувач со двојна спојка (М DCT), постигнува брзина од 0 до 100 км на час за 4,0 секунди. Со шестстепен мануелен менувач – понуден за прв пат во BMW CS модел – бројката е 4,2 секунди. Максималната брзина на пакетот со М специјалното издание достигнува 280 км на час.

Издувниот систем – кој што претставува надградба BMW M2 Competition има дизајн со двојна грана и ги поседува четирите цевки познати кај љубителите на BMW M. Две електрично контролирани клапи обезбедуваат BMW M2 CS да развива нота на моторот што одговара на профилот на BMW M.

Фокусиран и софистициран ентериер

Кабината на BMW M2 CS комбинира ексклузивен изглед со спортското чувство на елегантната алкантара и иновативен дизајн на лесен стил. На пример, централната конзола е изработена целосно од лесни јаглеродни влакна, кој е искористен и за рачките на вратата. М Sprot седиштата додаваат уште еден ергономски и визуелен белег кај BMW M2 CS. Со нивната конструкција во форма на корпи, и прекриени со Мерино кожа и алкантара, со црвен M контрастен вез, претставуваат јасен т.н. Throwback на тркачката патека и обезбедува добра странична поддршка дури и при компетитивно возење. Опционалниот волан, прекриен со алкантара, и црвен централен маркер, исто така се поистоветува со тематиката на моторниот спорт. Алкантара се користи и за потпирачот за рака во средишната конзола, како и за трим лента на таблата со инструменти – со големо црвено лого CS.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *