Елекрифицирани перформанси со CUPRA Tavascan Concept

Како се оддалечуваме од секојдневното и влегуваме во свет кој е напојуван од електрификација, CUPRA ги редефинира елементите како што се перформансите. По откривањето на CUPRA Formentor Concept на почетокот на оваа година, CUPRA оди еден чекор понапред во својата визија за електрифицирани перформанси со CUPRA Tavascan Concept.

Уникатната и специјална марка на автомобили сега ја спојува својата ДНК на високи перформанси со најсовремена технологија на напојување и софистициран, емотивен и експресивен дизајн. Резултатот е CUPRA Tavascan Electric Concept, возило дизајнирано да ги задоволи потребите на пазар кој се предвидува дека ќе порасне за 15% годишно – целосно електричен SUV купе. Соединувајќи ја силуетата на кросовер од четири врати, со присуство теренец и елегантност на спортско купе, CUPRA Tavascan Concept е првиот пат CUPRA да користи 100% електричен погон, неговите пропорции акцентирани и охрабрени од неговите електрични срце, со што се нудат нула емисии.

CUPRA Tavascan Concept го добива своето име од село кое се наоѓа во Пиринеите, кое е многу уникатно поради неговиот прекрасен пејзаж и околната природа.

„Покрај CUPRA Formentor, кој ќе биде лансиран во 2020 година, заедно со два други хибридни модели со високи перформанси, ние веќе ги докажавме нашите технолошки способности со развивање на првиот 100% електричен touring car, CUPRA e-Racer. Со презентирање на целосно електричниот CUPRA Tavascan Concept, ја пренесуваме оваа визија на улиците и докажуваме дека перформансите можат да бидат електрифицирани “, рече извршниот директор на CUPRA, Wayne Griffiths.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *