Kia Rio GT-Line пристигна во салонот на KIA Моторс Македонија!

Додека можеби не размислувате за Рио како опција доколку барате мал и спортски автомобил, GT-Line може да ве изненади!

Ова ниво на опрема, за разлика од стандардната кај Rio, вклучува многу спортски детали, како хромираниот издув, црни акценти на предниот и задниот браник, црн заден спојлер, спортски детали во кабината и 17” алуминиумски тркала.

Возилото претставено во салонот на Kia е опремено со 1,4 литарски бензински атмосферен мотор со 100 КС и 133 Nm. Забрзувањето од 0 до 100км/ч се постигнува за 12 секунди, додека максималната брзина изнесува 180 км/ч.

GT-Line нивото на опрема сигурно би го препорачале доколку размислуваме за Rio, но кога станува збор за моторот, изборот би го направиле со 1,0 турбо бензинскиот мотор со 120 КС.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *