Македонска премиера на Volkswagen Golf 8
Golf е најуспешниот европски автомобил повеќе од четири децении. Новото поглавје во историјата на овој бестселер започнува сега, со македонска премиера на осмиот Golf – дигитализиран, потполно поврзан и интуитивен за работа. Никогаш порано ниту еден Golf не бил толку прогресивен. Неговиот дигитален ентериер овозможува нова димензија на интуитивно работење. Брзини до 210 км/ч се достигнуваат со системите за асистенција на возачот. Тоа е првиот Volkswagen кој користи информации од сообраќајот преку Car2X, што значи дека може да предупредува на опасности. Еволуцијата на Golf започна пред 45 години во Волфсбург, каде низ годините се дизајнираше и рафинираше за денеска да ви ја претставиме последната генерација на најуспешниот автомобил, кој го носи името на компактната класа.
“Во текот на седумте генерации, Golf импресионираше повеќе од 35 милиони клиенти. Целата автомобилска индустрија очекува новиот Golf да го постави стандардот во класата”, објасни г-дин Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија. Во однос на својата технологија, Golf го прави најголемиот скок нанапред од своето деби. Владимир Димитровски, бренд менаџер на Volkswagen: “Овој автомобил е целосно нов. Но, секако, Golf секогаш останува Golf. Бидејќи основниот концепт е безвременски. Овој автомобил го дефинира нашиот бренд со децении. Golf постојано ги прави новите технологии достапни за сите”.
Факт е дека новиот Golf ја прави одржливата мобилност достапна за многу луѓе. Уште повеќе, со новиот Golf, Volkswagen се префрла на целосно дигитализирана платформа. Александар Цветковски, продукт менаџер на Volkswagen: “Во свет каде сложеноста се зголемува, новиот Golf му дозволува на возачот интуитивно да управува со возилото.” Практично, сите дисплеи и контроли се дигитални: новите инструменти и мрежните инфозабавни системи се спојуваат заедно во пејсажен приказ со команди на допир.
Ефикасен бензин и дизел – заштеда на потрошувачка до 17%
Погонските опции за новиот Golf вклучуваат бензински (TSI), дизел (TDI) и погон на природен гас (TGI), два четирицилиндрични бензински мотори со 66 kW / 90 КС и 81 kW / 110 КС, два четирицилиндрични дизел мотори со 85 kW / 115 КС и 110 kW / 150 КС. Новите варијанти на TSI имаат особено ниска потрошувачка и емисија на штетни гасови благодарение на новите елементи вклучително и иновативниот TSI Miller процес на согорување. Иновација во погоните на TDI: Volkswagen користи технологија за таканаречено двојно дозирање (два SCR катализатори) за значително намалување на емисијата на азотни оксиди (NOx) до 80%; Покрај тоа, потрошувачката на TDI е намалена за 17% во споредба со претходната генерација.
Постојана конективност и Car2X како стандард
Системите не само што се поврзани едни со други, туку благодарение на единицата за поврзување преку Интернет (OCU), тие исто така се поврзани со светот надвор од Golf. Стандардниот OCU кој има интегрирани eSIM линкови до онлајн функции и услуги “We Connect” и “We Connect Plus”. Новиот Golf е исто така првиот Volkswagen што се поврзува со својата околина како стандард, преку Car2X: сигналите од сообраќајната инфраструктура и информациите од други возила оддалечени 800 метри се известуваат за возачот преку дисплеј. Golf ги споделува и овие предупредувања со другите возила со Car2X. Интелигенцијата за таканаречен рој станува реалност, што претставува почеток на нова фаза на безбедност во сообраќајот.