Добредојдовте во М Моторс – Ексклузивен салон за луксузни возила!
Пред неколку дена во Скопје се отвори нов салон за автомобили – М Моторс. Во комплетно нов објект, кој зрачи со ексклузивност од секаде.
Во салонот може да се видат комплетно нови возила, како и користени со многу мала километража (до 10 000км).
Од она што го видовме, би ги истакнале Audi A7 Sportback, Porsche Panamera Turbo S E-hybrid, Mercedes-Benz G63 AMG, Masserati Levante и Quatroporte , Audi A7L и новиот Q8.
М Моторс постојано ќе врши „update“ на возилата, па наскоро очекуваме да видиме многу нови и интересни возила.